Centar.mk
РЕГИОН

Србија доделува еднократна помош од 6.000 динари, аплицирале речиси 1,7 милиони луѓе

Денеска започнува исплатата на еднократна финансиска помош од 6.000 динари на возрасни граѓани во Србија. Исплатата ќе трае до 25 септември, а за неа аплицирале околу 1,7 милиони луѓе преку порталот на Управата за финансии, објави „Танјуг“. Право на помош имаат пензионерите и корисниците на социјална помош.

На граѓаните без банкарска сметка ќе им бидат отворени сметки со посебна намена во Поштенската штедилница.

Според податоците од министерот за финансии во техничкиот мандат на Синиша Мали, 1.696.000 граѓани аплицирале за исплата на еднократна парична помош, а речиси три милиони го провериле својот статус во Фондот на акционери.

Еднократната помош е дел од поширок пакет поддршка за граѓаните во вредност од 980,6 милиони евра, кој вклучува и претходно исплатени еднократни бенефиции, поевтини лекови, ваучери за пензионери…/Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

БУГАРИЈА ДЕНЕСКА ИЗБИРА ПРЕТСЕДАТЕЛ – Над 6,5 милиони граѓани со право на глас во вториот круг

ДЕСК

ШЕСНАЕСЕТ МИНУТИ МОЛК ВО НОВИ САД – Две години по трагедијата, семејствата сè уште чекаат судска разрешница

ДЕСК

ДВЕ ГОДИНИ ОД ТРАГЕДИЈАТА ВО НОВИ САД – Комеморација за 16 загинати, судските постапки сè уште траат

ДЕСК