12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈА

Иран: Почнува тестирањето на вакцината против Ковид-10 врз луѓе, соработка со Русија

Иранските компании набргу ќе почнат со тестирање на вакцината против коронавирусот врз луѓе, изјави официјалната претставничка на Министерството за здравство, Сима Садат Лари. Таа додаде дека Техеран соработува и со Русија во врска со вакцините против коронавирусот.

„Експертите и членовите на администрацијата на нашата земја имаа преговори и соработуваат со руски производители на вакцини, а во моментот се разгледуваат релевантните документи“, рече Лари. Како што најави, се очекува посета по покана од руска страна.

Иранскиот амбасадор во Русија, Казем Џалали, кон крајот на септември рече дека Иран има намера да соработува со Москва во врска со производството на вакцината против Ковид-19 и дека е можно да се потпише договор за заедничко производство на вакцината, наведува „Спутник“.

Четири компании моментно работат на вакцини против коронавирусот и тие ја информираа Светската здравствена организација за тоа колку далеку отидоа во тој процес. „Една или две компании, најверојатно, набргу ќе почнат со тестирање на вакцината врз луѓе“, рече Лари.

Според иранското Министерство за здравство, земјата се обидува да обезбеди вакцини на три начини – преку фондот „Ковакс“, чија задача е да обезбеди пристап до вакцините на меѓународно ниво преку соработка со странски земји и сопствени напори.

Бројот на заболени во Иран надмина 760 000.

Спонзорирано: