20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Од денеска почнува етапната исплата на ноемвриските пензии

Oд денеска почнува етапната исплата на ноемвриските пензии. Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите шот не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

– в четврток, 26.11. 2020 година, исплата на пензиите со висина до 11.000 денари;
– в петок, 27.11.2020 година, исплата на пензиите во висина од 11.001 денар до 14.000 денари;
– в понеделник, 30.11.2020 година, исплата на пензиите во висина од 14.001 денар до 18.000 денари;
– во вторник, 1.12. 2020 година, исплата на пензиите во висина над 18.000 денари.

Пензионерите што користат платежна картичка поврзана со сметката на која се префрлува пензијата со парите може да располагаат од четврток, 26 ноември. Тие може да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

Етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот, со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи. Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми. Апелираме до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.

МТСП потсетува на обврската за носење лична заштитна опрема, која ги покрива пределот на носот и устата, како и на држење растојание при чекање ред пред и внатре во банките.​

Спонзорирано: