Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay / Илустрација
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

Фон дер Лаен: Короната најголема причина за смрт во ЕУ минатата недела

Болеста предизвикана од коронавирусот е најголемата причина за смрт во Европската Унија минатата недела и одзема 3.000 животи секој ден, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен.

„Болниците сè уште се под притисок, а во некои региони единиците за интензивна нега се преоптоварени“, рече Фон дер Лаен пред европратениците во Брисел.

„Иако овој Божик нема да биде нормален и Унијата мора да се спротивстави на поривот прерано да ги ублажи ограничувањата, светлината е видлива на крајот од тунелот“, додаде таа.

Таа најави дека европските граѓани може да ја примат вакцината пред крајот на декември.

Откако неколку производители на вакцини пријавија ветувачки резултати од клиничките испитувања, членките на ЕУ мора да се подготват за дистрибуција на милиони дози, заклучи Фон дер Лаен.

Европската комисија постигна шест договори со најголемите фармацевтски компании во име на 27-те земји членки за набавка на вакцината.

Спонзорирано: