14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Фаучи: Имунитет на стадо можен доколку се вакцинираaт доволен број луѓе

Водечкиот американски експерт за инфективни болести, Ентони Фаучи, рече дека САД може да постигнат имунитет на стадо во разумно брз период в година.

Прогнозата на Фаучи, сепак, се заснова на фактот дека тоа ќе биде можно само доколку доволен број Американци се вакцинираат против коронавирусот.

Фаучи за американската телевизија Си-би-ес изјави дека помошта е на пат во форма на вакцина, но дека Американците треба да бидат внимателни како што се ближат празниците и да спречат ширење на вирусот во текот на зимата.

Тој додаде дека САД се во многу, многу тешка ситуација бидејќи бројот на случаи на инфекција продолжува да расте.

„Вакцините ќе бидат достапни релативно набргу ако Американците издржат“, рече Фаучи.

Спонзорирано: