21.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈА

Закажана седница на Советот за Безбедност – Ќе се носат одлуки за како понатаму во борбата со Ковид 19

Утре, 19 ноември 2020 година, четврток, со почеток во 12:00 часот во Кабинетот на Претседателот „Вила Водно“ ќе се одржи седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија.

На седницата, покрај редовните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче.

На десеттата седница на Советот за безбедност ќе се разговара за актуелната ситуација со пандемијата на Ковид-19 на територијата на Република Северна Македонија и мерките и активностите на надлежните институции.

Ваквиот состанок практично вчера го спомна и премиерот Зоран Заев кој најави дека е можно да се утврдат нови мерки во борба против коронавирусот.

Спонзорирано: