21.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Руско МНР
СВЕТ

Лавров: Обновување на дијалогот меѓу Москва и Берлин во интерес на Европа

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека продолжувањето на дијалогот меѓу Русија и Германија е во интерес на Европа.

Тој рече дека Русија е искрено заинтересирана за тоа, бидејќи поаѓа од претпоставката дека може да се надмине периодот на напнатост во билатералните односи меѓу Москва и Берлин.

Оценувајќи дека односите меѓу Русија и ЕУ континуирано се деградираат во последните неколку години, Лавров посочи дека не е виновна Русија и предупреди дека европската политика придонела за создавање нови поделби.

Според шефот на руската дипломатија, ЕУ го поддржала неуставниот државен удар во Украина, вовела еднострани санкции за Русија и го уништила комплетниот, комплексен систем на дијалог меѓу Русија и ЕУ.

„Постојаните обвинувања, ултиматуми и закани кон Русија станаа рутински инструменти на германската надворешна политика. Актуелната напнатост скапо ги чинеше европските нации чија безбедност стана заложник на политичката себичност. Сè уште сме убедени дека е зачувана можноста за воспоставување архитектура на мирот“, рече Лавров, објави ТАСС.

Лавров потсети дека и Русија и Европа се соочуваат со исти предизвици и закани – од тероризам, ширење оружје за масовно уништување и пандемија на коронавирус, и дека сето ова бара заеднички напори на Русија и ЕУ.

„Русија, од своја страна, е секогаш подготвена за искрена, еднаква соработка и е посветена на воспоставување рамнотежа на интересите“, заклучи рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Спонзорирано: