22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТ

Д-р Кон со драматично предупредување: Сфатете дека нема повеќе време

Епидемиологот и член на Кризниот штаб Предраг Кон денеска повторно објави алармантна порака на својот профил на Фејсбук.

-Што може државата да направи? Да сфати дека нема повеќе време…Што може поединец да направи? Да избегнеме заразување. Што можат здравствените работници да направат? Да издржат. Мораме да го забавиме вирусот – напишал Кон.

Предупредувањето пристигна после исклучително тешката недела за Србија во која секојдневно паѓале црни рекорди по бројот на новозаразени и починати.

Кон смета дека две недели со строги мерки ќе бидат ефикасни.

-Мораме да го запреме вирусот и неговиот пренос, тоа може така што ќе се скарат контактите, а тоа е повторно можно само со новите мерки. Не се донесени мерки. Претседателката на Владата рече дека добро не слушна и дека уште ќе размислува. Сега сме се уште на некакво премислување – рече Кон.

Спонзорирано: