14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Се поизвесно е ветото на Бугарија

Се поизвесно е дека Бугарија ќе даде вето за почеток на преговорите со Европската унија, изјави премиерот Зоран Заев за време на донирањето на амбулантно возило за болницата во Струмица. Заев вели дека е подготвен и го подготвил македонскиот народ за евентуалното вето на Бугарија. Сепак, тој е дециден дека не губи надеж, па очекува до крајот на декември кога е рокот за првата меѓувладина седница, бугарските политичари да смогнат сила, да пуштат крик на пријателство и да ја подадат раката.

„Ја испраќам пораката да градиме пријателство, лесно е да се гради непријателство. Европски е да се гради пријателство и да се биде храбар“, рече Заев.

Во врска со работата на Комисиите, Заев изјави дека донесено е решение за пет историски личности и три историски периоди, а тоа го потврдила и бугарската страна.

„Подготвени сме да ги објавиме и подготвени сме да почне имплементацијата во учебниците на двете страни“, изјави премиерот.

Утрово, бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева за телевизијата БТВ изјави дека во оваа фаза Република Бугарија не може да каже „да“ за почеток на преговори на земјава со ЕУ.

Бугарија на состанокот на амбасадорите на земјите членки на ЕУ, што се одржа на 6 ноември одби да даде поддршка за усвојување на преговарачката рамка за почеток на преговорите. Состанокот на Советот за општи работи на министрите на ЕУ на кој треба да се прифати преговарачката рамка за почнување на пристапните преговори, ќе се одржи во вторник, на 17 ноември.

Спонзорирано: