10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАТЕХНОЛОГИЈА

Инстаграм и Месинџер добија нова функција: Ќе знаете кога некој ве озборува

Апликациите Месинџер и Инстаграм добија возбудлива нова опција – пораки кои исчезнуваат.

Станува збор за режим на испраќање пораки наречен „Vanish Mode“, а можете да го вклучите или исклучите во поставките на која било порака.

Овој режим може да се активира само ако двајцата соговорници се согласат – затоа, ќе биде потребно одобрување од сите вклучени во разговорот. Освен тоа, ќе добиете известување и доколку вашиот соговорник направи „скриншот“ од допишувањето, што веројатно значи дека го испраќа на некој друг.

За почеток, „Vanish Mode“ ќе биде достапен во САД, а по некое време и во остатокот од светот. Се претпоставува дека ваквиот режим е обид на Фејсбук да ја привлече помладата публика. Имено, младите сè повеќе се префрлаат на социјалните мрежи кои нудат можност за исчезнување на пораки и објави, со цел да бидат сигурни дека нешто од минатото нема еден ден да ги чини скапо, пренесува „The Verge“.

Спонзорирано: