14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Истрага зa Арачиновец поради криумчарење мигранти

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе nаредба за спроведување истражна постапка против 24-годишен жител на Арачиново. Тој е осомничен дека како соизвршител сторило кривично дело криумчарење мигранти, предвидено и казниво по член 418-б став 4 во врска со став 2 од Кривичниот законик.

Осомничениот заедно со непознато лице, по претходен договор, во возило „опел-зафира“, во доцните ноќни часови, прифатиле десетмина мигранти од Авганистан, кои илегално влегле на територијата на нашата држава. Петмина од мигрантите биле малолетни лица од 14 и 15 години. Откако ги сместиле во возилото, осомничениот и непознатото лице кое го управувало возилото, по регионалниот пат ПЕ 1102, се упатиле кон границата со Србија.

Во близина на фабриката „ХИФ“ – Велес, во правец Градско – Велес на светлосната сигнализација од полициските службеници не застанале​, туку со брзина поголема од 100 километри на час продолжиле да се движат.На околу 300 метри оддалеченост одеднаш го сопреле возилото и се дале во бегство. Полициските службеници во напуштеното возило ги пронашле мигрантите, а по извршената претрага на теренот бил пронајден и лишен од слобода и осомничениот.На предлог на обвинителството судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје,му изрече мерка притвор во траење од 30 дена.​

Спонзорирано: