13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТИЗБОР

БГНЕС: Црвено светло за старт на преговори на Македонија бараат 84 отсто Бугари

Бугарската БГНЕС објави анкета со податоци од социолошкото истражување на „Алфа рисрч“, која покажува дека огромен број на испитаници во Бугарија, односно 84 отсто, бараат од Владата на Борисов да не дозволи почеток на преговорите на Македонија со ЕУ, се додека ние не ги признаеме јазичните и идентитетските бугарски корени.

Додека пак само 10,2 отсто од Бугарите сметаат дека Софија треба да ја поддржува Македонија независно од однесувањето кон фактите од историското минато, пренесува БГНЕС.

Над половина од анектираните, односно 54,1 отсто, рекле дека Бугарија треба да го признае современиот Македонски идентитет само ако Македонија признае дека на почетокот од 20 тиот веке голем дел од населението се самоопределувало како Бугарско, а новиот идентитет започнува по 1944 година, без да ги засега граѓаните на Бугарија и нивните предци.

Речиси една третина, односно 29,5 отсто се против признавањето на Македонскиот идентитет, а „за“ се само 6,10 проценти..

Само 4,5 отсто велат дека Бугарија мора безусловно да го признае македонскиот јазик.

Спонзорирано: