22.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay/илустрација
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

Научник од „Оксфорд“: Вакцината е подготвена, создава имунолошки одговор и може да се почне со вакцинација

Хрватскиот научник Кристијан Рамадан, професор по молекуларна медицина од „Оксфорд“, откри дека во првата и втората фаза се покажало дека вакцината против короната не е штетна и создава имунолошки одговор.

„Во фаза три бројот на луѓе е проширен на 30.000 со оксфордската вакцина“, изјави Рамадан за ХРТ.

Тој изјави дека и постарите луѓе ќе бидат заштитени.

„Сега чекаме податоци за ефикасноста на вакцината во спречување заболување од Ковид-19. Постојат два параметра што сакаат да ги постигнат со вакцината, а тоа е да заштитат од најтешките форми на болеста и од морталитет“, коментира Рамадан додавајќи дека фазата 3 покажала оти и постарите луѓе даваат имунолошки одговор на вакцината.

„Според сите параметри, вакцината, најверојатно, ќе ја заштити постарата популација од тешки инфекции“, коментира тој.

Тој додаде дека вакцината првично нема да биде достапна на глобално ниво, туку само за најранливите групи и здравствените работници што се во директен контакт со заразените. Тој рече дека вакцините ќе им бидат доставени до католичкиот Божик.

„Вакцината е подготвена, не е штетна и создава имунолошки одговор и може да се почне со вакцинација. Останува да видиме дали има ефект да нè заштити од тешкиот развој на болести и од смрт“, рече Рамадан.

Тој потенцира дека првата вакцина нема да биде совршена, но важно е да се надмине оваа тешка состојба и да се ублажат последиците од болеста.

Спонзорирано: