16.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТТОП ВЕСТИ

МОН: Помалку од еден процент од учениците и наставниците се позитивни на Ковид-19

Министерството за образование и наука информира дека помалку од еден процент од учениците и кадарот во основните и средните училишта се заразени со Ковид-19. Во согласност со овие податоци може да се заклучи дека протоколите се ефикасни во намалување на ризиците за ширење на вирусот. Наставата продолжува да се одвива непречено следејќи ја веќе утврдената динамика и организација.

Според извештаите што училиштата секојдневно ги доставуваат до МОН, од вкупниот број 259.235 ученици на ниво на држава, процентот на заразени изнесува 0,06 %, а од вкупниот број 27.955 наставници и друг кадар, овој процент изнесува 0,58 %, што е далеку под еден процент. Во рамките на наставата со физичко присуство регистрирани се вкупно 40 ученици позитивни на коронавирусот и 52 вработени од наставниот кадар во средните и основните училишта. Во сите овие случаи се реагира навремено според препораките на центрите за јавно здравје, со што се спречува трансмисија на вирусот.

Во сите други случаи станува збор за учесници на онлајн -настава, при што ниту децата ниту наставниците немале контакти со другите од училиштата. Исто така, учениците и наставниците што одат во изолација поради близок контакт со заразаено лице или затоа што се позитивни на Ковид-19, наставата ја продолжуваат онлајн, со што се обезбедува континуитет во образовниот процес.

Министерството за образование и наука апелира учениците, наставниците и родителите доследно да ги почитуваат мерките и протоколите за заштита од Ковид-19 во училиштата и надвор од нив затоа што само со носење маски, држење растојание и често миење и дезинфекција на рацете може да се спречи ширењето на болеста.

Спонзорирано: