18.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Николовски: Високата бројка на заразени од Ковид 19 е апел дека сите мора да ги почитуваме мерките

Вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот, човечки ресурси и одржлив развој, Љупчо Николовски, во емисијата Клик Плус на ТВ 21, најави дека утре Владата ги очекува новите предлози на Комисијата за заразни болести, со цел заштита на јавнето здравје.

“Денеска сме соочени со нив бран, ова се нови состојби и тие повлекуваат нови одлуки. На утрешната седница ќе бидат предложени нови рестриктивни мерки. Но, ова е апел дека мора да ги почитуваме мерките. Утре од КЗБ очекуваме нови мерки , согласно новата состојба. Рано е да зборуваме за полициски час или карантин. Но, опциите за кратење на работно време и сл се предвид.  Да се поставиме сите како одговорни граѓани за да го штитиме здравјето.

Николовски смета дека досега државата успешно се справува со пандемијата од коронавирусот.

“Многу добро се справувавме целиот период како земја. Сметам дека треба да се држиме строго до она што го предложи комисијата, и мораме да сме дисциплинирани. И ова е нов начин на живот, ова се нови навики.
Многу е неодговорно преку ден да зборуваме за почитување на мерки, а навечер да повикуваме на протест”, заклучи Николовски по однос на повикот на ВМРО ДПМНЕ за протест закажан за утре.

Спонзорирано: