4. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАТОП ВЕСТИ

Есента носи голема промена на времето: Meteocentar со детална прогноза за следните 4 дена

Утре и во четврток ќе преовладува променливо облачно време со услови за појава на локален дожд и ретки грмежи. Преодно стабилизирање на времето ќе има во петок.

Под влијание на влажен бран за време на викендот, особено во сабота на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, поинтензивен во сабота.

Прогноза за 24.09.2020
Минимална температура: 8°C до 16°C
Максимална температура: 25°С до 30°C
Променливо облачно со сончеви периоди и со повремен локален дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец, поизразен во западните делови.

Прогноза за 25.09.2020
Минимална температура: 7°C до 16°C
Максимална температура: 26°C до 31°C
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.

Прогноза за 26.09.2020
Минимална температура: 11°C до 17°C
Максимална температура: 21°C до 28°C
Променливо облачно, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер кој ќе се задржи и преку ноќта.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме?

ДЕСК

Пеколно жешко до 38°C, па температурен пресврт и невреме со заладување – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

До петок сончево, од сабота невреме – Метеоцентар со четиридневна прогноза

ДЕСК