Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Шахпаска: Мерките ќе ги носиме согласно епидемиолошката состојба

Најголемиот капитал на еднo општество е човечкиот, а здравјето е најголемо богатство,и тоа пред се здравјето на децата, вработените и родителите, истакна министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска во емисијата Топ тема на Телма телевизија.

Проценката во кој момент би се презеле чекори за поригорозно однесување, ограничување на движењето, е врз основа на темелна анализа на комисијата за заразни болести, а епидемиолошка состојба наметнува како ќе се однесуваме, рече Шахпаска.

Будно ја следиме состојбата, во тек сме со настаните, бројката на позитивни и суспектни на коронавирусот во делот на градиниките не е голема, рече Шахпаска, додавајќи дека веднаш се реагира, по препорака на епидемиолозите.

Епидемиолозите носат одлуки дали цела група или цела градинка ќе се затвори, кој ќе оди во излоација, рече Шахпаска, додавајќи дека поради случај на коронавирусот уште пред отворањето градинката во Св.Николе не стартуваше со работа, а вчера поради сомнителни случаи градинката во Чешиново е затворена.

Можеби ќе ве интересира

За осум часа денеска санкционирани 116 мотоциклисти во Скопје, одземени три мотоцикли

ДЕСК

Четврток носи најголема опасност: Невреме со пороен дожд, силен ветер и можен град

ДЕСК

Од Стајковци до болница: Напад со тврд предмет прераснал во пресметка меѓу две групи

ДЕСК