Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

ПО 33 СТЕПЕНИ ДОАЃА НАГЛО ОСВЕЖУВАЊЕ: За само еден ден температурите паѓаат до 10 степени

Во понеделник ќе се задржи променливо облачно и топло време со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Од вторник и во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и значително посвежо. Температурите ќе опаднат за 7 до 10 степени.

Прогноза за 21.09.2026
Минимална температура: 8°C до 16°C
Максимална температура: 25°C до 33°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 22.09.2026
Минимална температура: 8°C до 17°C
Максимална температура: 18°C до 26°C

Сончево, посвежо и ветровито со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен, а наместа долж Повардарието повренмено силен северен ветер кој ќе надминува брзина од 60 km/h.

Прогноза за 23.09.2026
Минимална температура: 5°C до 14°C
Максимална температура: 17°C до 25°C

Сончево и посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, која наместа долж Повардарието повремено ќе засилува.

 

извор УХМР

Можеби ќе ве интересира

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ВЕЛЕС – 82-годишен маж приведен по пријава дека ја нападнал сопругата со дрвен предмет

ДЕСК

ПРИВЕДЕН ОСОМНИЧЕН ЗА КРАЖБИ НА ВЕЛОСИПЕДИ – Полициска акција во скопски Карпош

ДЕСК

НЕДОРАЗБИРАЊЕ ПРЕРАСНАЛО ВО ТЕПАЧКА – Инцидент во скопска Кисела Вода

ДЕСК