10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

И Грција ги заострува мерките

Грчките власти денеска ги заострија рестриктивните мерки за го ублажи ширењето на коронавирусот во подрачјето на Атина.

Според здравствените власти, пандемијата покажува тренд на постојан раст.

Од понеделник до 4 октомври властите одредија горната граница на сите јавни собирања на отворено да биде десе луѓе, а откажани се и сите концерти во затворено и на отворен простор, пренесува Ројтерс.

Властите исто така воведоа лимит и на погребите, свадбите и крштевките каде може да се соберат најмногу 20 луѓе.

На лицата постари од 68 години им е наложено помалку да се движат, да избегнуваат јавен превоз и да носат маски.

Сопствениците во приватниот сектор ќе мора да обезбедат 40 отсто од работниците да работат од дома или во смени.

Растот на заразени во последните месеци ги принуди властите постепено да ги вратат забраните, вклучително и задолжителното носење маски во сите затворени јавни и приватни простори. Во Грција во последните 24 часа регистирани се 339 нови случаи на коронавирус.

Спонзорирано: