8.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Борел: Соседството на ЕУ е во пламен – ако не го стабилизираме Балканот

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Џозеф Борел рече дека Брисел ја застапува опцијата за постепено интегрирање на земјите од Западен Балкан во блокот.

Тој наведува дека несогласувањето меѓу Белград и Приштина во врска со Косово сè уште е во голема мера присутно.

„Ако не го стабилизираме Балканот, тогаш ќе биде тешко да се сметаме за геополитичка сила. Бидејќи никој друг нема да го стори тоа, само Европејците“, рече Борел во интервју за „Фајненшл тајмс“.

Тој додаде дека прашањето за Балканот особено ја загрижува ЕУ.

Борел истакна дека соседството на ЕУ практично гори и се залагаше за силен и унифициран одговор од сите членки на блокот.

„Во последните 10 месеци нашето соседство беше зафатено од пламен, од Либија до Белорусија. Сè е многу полошо отколку што очекував”, рече Борел.

Говорејќи за медитеранскиот регион, Борел изјави дека тензиите меѓу Грција, Турција и Кипар почнаа експоненцијално да растат и постои сериозен ризик конфликтот да го надмине нивото на зборови.

Тензиите се зголемија кога Турција започна да ги истражува изворите на енергија во спорните делови на Медитеранот, на кои полагат право и и Грција и Кипар. Во меѓувреме, Грција распореди поморски и воздушни единици, додека Франција нареди воени патроли. Водачите на ЕУ ќе разговараат за Турција на 24 септември.

Говорејќи за Белорусија, Борел рече дека министрите за надворешни работи на ЕУ ќе состават список на рестриктивни мерки против официјални лица вклучени во местење на претседателските избори во Белорусија на 21 септември.

Брисел ги отфрли резултатите од изборите во Белорусија одржани на 9 август, на кои победи Александар Лукашенко, освојувајќи 80 проценти од гласовите.

ЕУ исто така ја осуди насилната репресија на мирните протести и предупреди на воведување санкции.

Спонзорирано: