3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Опожарени камиони на плац во Бутел

Три камиони изгореле синоќа на плац во скопски Бутел. Засега не е позната причината за пожарот.

МВР информира дека околу 23,30 часот било пријавено дека на улица Александар Урдарески на плац за камиони биле опожарени три камиони влекачи со полуприколки, од кои едниот бил празен, а два натоварени со волница и една полуприколка без влекач.

Од пожарот на соседниот плац биле делумно опожарени две полуприколки и четири полуприколки-ладилници.

Пожарот бил локализиран од Бригадата за противпожарна заштита, а во тек е увид од увидна екипа од СВР Скопје.