Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
СВЕТИЗБОР

Еспер: САД имаат одговорност на водечка сила и нема да попуштат ниту милиметар

САД имаат одговорност на водечка сила на Пацификот и нема да им попуштат ниту милиметар на други земји кои веруваат дека имаат подобар политички систем, изјави американскиот министер за одбрана Марк Еспер на Хаваи.

Еспер изрази надеж дека ќе успее да ја убеди Кина да ги почитува меѓународните норми, иако официјален Пекинг продолжува со агресивната модернизација на своите вооружени сили, пренесе „Ројтерс“.

Кина не ги исполни своите ветувања за исполнување на меѓународните закони, правила и норми и ја продолжува својата политика за проширување на кинеската моќ во светот, оцени Еспер.

„За брзо реализирање на плановите на КП на Народна Република Кина, кинеската армија продолжува да спроведува агресивна воена модернизација во желбата да стане глобална воена моќ до средината на овој век“, рече Еспер.

Тој изрази надеж дека соработката со Пекинг ќе биде продолжена со цел враќање на Кина на вистинскиот пат и усогласување со меѓународниот поредок.

„Обврска на Америка е да биде глобален лидер. Веќе подолго време сме пацифичка, поточно индо-пацифичка земја“, заклучи Еспер.

Спонзорирано: