15.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Хонгконг со бесплатно тестирање ќе ги открива лицата што се заразени, а немаат симптоми

Хонгконг ќе им понуди на своите граѓани бесплатно универзално тестирање од 1 септември. Програмата за тестирање, која ќе трае две недели, е на доброволна основа.

Лидерката на Хонгконг, Кери Лам, рече дека универзалното тестирање е овозможено благодарение на поддршката од Пекинг, која обезбеди ресурси, како што е лабораторискиот персонал за зајакнување на капацитетот на полуавтономниот град.

Програмата има цел да открие лица што се заразени, но немаат симптоми. Градот со 7,5 милиони жители досега спровел повеќе од 1,2 милион тестови.

Критичарите на универзалното тестирање тврдат дека може да има потенцијални проблеми со нарушување на приватноста со оглед дека програмата е поддржана од кинеската Комунистичка партија. Лам ги отфрли критиките велејќи дека без оглед на тоа што прави владата, секогаш ќе има луѓе што изнесуваат теории на заговор, пренесува „Асошиетед прес“.