14.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТ

Уапсен грчки свештеник; „Не носeте маски, Дева Марија сака да ги види нашите лица“

Грчката полиција уапси еден свештеник на островот Калимнос, кој ги повика верниците да не носат заштитни маски во црквите, јавуваат грчките медиуми.

Тој на Фејсбук го објави статусот посветен на Празникот Успение на Мајката Божја и апелираше до верниците да не носат маски затоа што тоа ќе ја „вознемири Дева Марија“, пишува Грикрепортер.

„Нашата мајка сака да ги види нашите лица, таа сака да ја види нашата вера“, напиша тој на Фејсбук.

Свештеникот, чие име не е познато, беше уапсен за ширење лажни вести што го загрозуваат јавното здравје.

Тој беше пуштен по сослушувањето, а судењето е закажано за 8 октомври.

Многу експерти предупредуваат дека Грција се соочува со вториот бран на епидемијата на коронавирус, а на сила се мерки за одржување физичко растојание во црквите и манастирите.

Од сите верници се бара да носат маски во црквите и постои ограничување на бројот на луѓе на литургии.