3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Казни за 147 лица поради неносење маски во Охрид, Струга и во Кичево

Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 147 прекршоци за неносење лична заштита на лицето (Охрид – 118, Струга – 9, Кичево – 20). Ним им се издадени прекршочни платни налози за сторен прекршок по член 6 став 1 од уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување ширење на заразната болест Ковид-19.

Воедно, полициските службеници самостојно, но и во координација со Државниот пазарен инспекторат, извршиле осум контроли врз угостителски и други објекти.

Спонзорирано: