-5 C
Скопје
17. јануари 2021
Centar.mk – Дознај сѐ!
Свет

Земјотрес од 5,7 степени ја погоди југоисточна Турција

Земјотрес со интензитет од 5,7 степени според Рихтеровата скала ја потресе провинцијата Малати во југоисточниот дел на Турција, соопшти Институтот за истражување земјотреси.

Потресот бил на длабочина од пет километри.

Според информациите, земјотресот предизвикал неколку материјални штети, но нема извештај за евентуални жртви или повредени.

Турскиот Директорат за вонредни состојби навел дека земјотресот бил со магнитуда од 5,2 степени.