23.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТТОП ВЕСТИ

Граѓаните на Хонгконг предупредени дека доаѓа нов, голем бран на ширење на коронавирусот

Градоначалничката на Хонгконг, Кери Лам, ги предупреди граѓаните дека на градот му се заканува нов, голем бран на ширење на коронавирус.

Таа апелираше до сите да останат во своите домови што е можно подолго, објави „Ројтерс“.

Новопоставените прописи забрануваат собирање на повеќе од две лица, привремено затворање на угостителски објекти, а носењето маски е задолжително дури и на отворено.

„Ние сме на работ на нов, голем бран на ширење на коронавирус. За да ги заштитиме сите коишто ги сакаме, медицинскиот персонал и нашиот град Хонгконг, ги повикувам сите да се придржуваат кон задолжителните прописи за физичка дистанца и да останат во нивните домови што е можно подолго“, рече градоначалничката Лам.

Во последните 24 часа во Хонгконг се регистрирани 106 нови случаи на коронавирус, од почетокот на пандемијата оваа инфекција е потврдена кај 2.880 лица и смртен исход за 23 пациенти со Ковид-19.