13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТ

Лекари: Излечените од корона и понатаму се заразни, дури по пет тестирања се негативни на вирусот

Загрижува фактот дека некои пациенти кои веќе го прешежале корона вирусот се уште долг период позитивни, дури и по месец дена, па и повеќе. Српските лекари, епидемиолози и инфектолози, позитивниот тест на Ковид и по прележаната зараза го објаснуваат со тоа што велат дека се уште да има голема присутност на вирусоѕ во организмот или пак се во прашање остатоци на вирусот кои даваат позитивен резултат.

Професор, др Горан Станојевиќ, координатор на Ковид-центарот во Ниш, појаснува дека вирусот трае најчесто две недели, но, како што вели во својата пракса сретнувал и случаи кога пациентите биле позитивни на вирусот и многу подолго и тоа со лесна или асимптоматска клиничка слика.

-Причините се различни, но тоа е најчесто последица од самиот организам, кога тој е во т.н. сочивот со вирусот. Пационтот поминува со одредена симптоматологија, состојбата е добра, се санира по 14 дена, но и по овој период пациентот останува позитивен. Значи, пациентот се чувствува сосема добро, но тој и понатаму останува потенцијален преносител, вели др Станојевиќ.

И откако ќе поминат две недели, вирусот може да остане во грлото и ждрелото од каде се зема брис за анализа, што укажува дека е потребно подолго време за да се изгуби целосно. Иако нема правила, некои показатели укажуваат дека оние кои имале полесна клиничка слика се подолго позитивни.

-Во Ковид-центарот во Ниш, имавме пациенти со многу лесна клиничка слика, дури и без никакви симптоми, но забалежавме дури по петото тестирање дека се негативни на ковид. Тоа предизвикува навистина огромна нервоза кај луѓето, односно кај пациентите кои навистина се чувствуваат во добра здравствена состојба, а сепак го имаат вирусот во организмот. Според резултати од многу студии во светот, ова не се случува само кај нас, има примери и од други замји каде пацинтите многу долго остануваат позитивни и се најопасните преносители, вели др Станојевиќ.

Спонзорирано: