16.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТТОП ВЕСТИ

Прв случај на коронавирус во Северна Кореја?

Градот Каесонг во Северна Кореја е ставен во карантин откако лице со симптоми на коронавирус наводно нелегално ја преминало границата, соопшти лидерот на земјата Ким Џонг-ун на итен состанок против епидемијата.

Сомнителниуот нулти пациент, наводно, влегол во земјата на 19 јули, откако пребегнал во Јужна Кореја пред околу три години. Тој е ставен во карантин, но неколку медицински прегледи и тестови покажуваат неизвесни резултати, пренесе државната новинска агенција КЦНА. Ако биде потврдено, тоа ќе биде првиот официјален случај на Ковид-19 во Северна Кореја.

На итен состанок во саботата, високи раководители на Северна Кореја и претставници на здравствените власти разговарале за опасната состојба во градот Каесонг што, како што било речено, може да доведе до смртоносна и деструктивна катастрофа.

Ким Џонг-ун соопшти дека презел превентивна мерка за целосно затворање на градот Каесонг и изолирање на секоја област и регион од останатите.