Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИС

Секој што ќе се одлучи да летува во оваа земја ќе добие по 3000 долари, но има и услови

Нудат 3000 долари на секој кој ќе дојде на летување во оваа земја, бидејќи се убедени дека туристите кои ќе одлучат да летуваат во Узбекистан нема да се заразат.

Повеќе од 33 милиони луѓе живеат во таа земја, а само 19 смртни случаи имало во Узбекистан.

Претседателот на оваа земја лансирал пакет „безбедносно патување“, а тие 3000 долари се проценка доколку некој се зарази со Ковид 19 во таа земја толку пари ќе му бидат потребни за лечење.

За да бидат квалификувани за овој пакет, туристите мора да патуваат низ земјата со локален водич, а локациите кои ги посетува мора да имаат санитарен протокол.

Патниците од Европа мора да останат 14 дена во карантин.

Узбекистан е прогласена за четврта растечка земја во однос на маркетингот на туризмот, пренесува „Светска организација за туризам на ООН“.