5.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Морбидно: Висок процент од граѓаните тераат мајтап и не веруваат во коронавирусот – го обвинуваат Бил Гејтс 5г, сметаат дека е ковидот не постои

Половина од граѓаните онлајн речиси не веруваат во короната, сметаат дека е местенка, дека е поврзано со 5г и дека бројот на заразени и починати е вештачки.

Овие шокантни податоци ги добивме, откако вчера го објавивме извештајот за новозаразени во Македонија кога беа регистрирани рекордни 241 случај на коронавирус, но и 8 починати.

На овој пост на социјалната мрежа Фејсбук, на официјалната страница на Centar.mk, може да се забележи дека речиси половина од граѓаните воопшто не веруваат во вирусот.

 

– Многу сигурни се, а тие починатите од корона ли се или не.Нема.обдукција забрани СЗО јака Здравствена Организација без обдукција прогласувајте секој пациент починал од корона.Изгледа мозоците на сите ни ги перат. Кога тогаш вистината ке излезе на виделина за.оваа пандемија.Бил Гејтс треба да си профетира човекот дал три милијарди долари за испитување на лабораториите за пронаогање лек Вакцина за оваа Лудило, вели извесна Валентина во коментарите на погорниот пост каде се соопштуваат алармантите бројки за новозаразени во Македонија.

Со слично мислење се јавува и Стефан К.

– ој лугје бре….короната е во прскањето отрови од авиони помогнато од 5г мрежата….нема никој м**диња кога ке видат авиони горе да пуштат ловци да ги симнат….се земени огромни пари и ке играш како ке ти свират, вели Стефан во коментар на истиот пост.

– Дајте нека се направи споредба на починати за ист период од 2019 год
И 2020 год . Ке испадне дека за време на пандемија смртноста е многу помала, пишува Жаклина.

Друг читател пишува “Се’ уште ли се замарате со вирусов?

 

Причината за поголемиот број новозаразени е и тоа што многумина не веруваат

Според познавачите на состојбите причината е за растечкиот број на новозаразени на Балканот е и поради тоа што многу голем процент од граѓаните не веруваат во постоењето на вирусот, па соодветно на тоа, не ги почитуваат здравствените протоколи.

Не е далеку времето кога опозицијата за инает на власта правеше масовни митинзи без да се почитуваат мерки, а нејзините функционери истурени во министерството кое што треба да казнува за неносење на маски и непочитување на протоколи намерно го блокираа санкционирањето.

Министерот за здравство, Венко Филипче, по вчерашните настани во разни дискотеки низ Македонија, каде беше забележително крајно непочитување на мерките повика да се изврши истрага за настаните.

Спонзорирано: