15.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

И покрај карантинот, Викторија забележа најголем број новозаболени за 24 часа

Во австралиската држава Викторија во последните 24 часа се регистрирани 428 нови случаи на Ковид-19, што е најголем број нови нови случаи за еден ден од почетокот на епидемијата, изјави премиерот Даниел Ендрус.

Од новите пациенти, 57 биле заразени преку претходно заразени, едно лице било во карантин, додека другите се испитуваат како се заразиле, пренесува Си-ен-ен.

Исто така, регистрирани се три смртни случаи.

„Ќе го зголемиме бројот на тестови“, рече Ендрус и додаде дека 1,2 милиони жители се тестирани од 1 јануари.

Главниот град на Викторија, Мелбурн, е во шестнеделен карантин од минатата недела, за време на кој армијата и полицијата ќе ги обезбедуваат патиштата и улиците.

На граѓаните им е дозволено да излегуваат надвор само за да купат храна или лекови.