12.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нови мерки против коронавирус во Србија

Од денес на сила се новите мерки во Србија, во борбата против ширењето на коронавирусот. Во цела Србија е задолжително носење маски на отворен простор кога нема можност да се обезбеди физичка дистанца од еден метар и половина, како што се редиците пред продавница, аптека, автобуска итн.

Со овие мерки се забрануваат собири на јавни места во затворен и отворен простор истовремено на повеќе од десет луѓе, без оглед на тоа дали е во одредена општина или град прогласена вонредна состојба.

За време на престојот на јавни места, меѓу собраните луѓе мора да постои физичка дистанца од најмалку 1,5 метри. Носењето маска е задолжително на сите јавни места во затворен простор, што значи дека родителите на малолетни деца, како и децата со посебни потреби и нивните старатели, се должни да обезбедат нивните деца да носат зашптитна маска.