15.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Уапсена група криумчари на мигранти во Полска

Полската гранична полиција во соработка со Европол уапси осум членови на организирана криминална група поради криумчарење на повеќе од 150 мигранти во Полска.

Се претпоставува дека ги криумчариле на нивната рута кон западна Европа, соопшти Европол.

Неколку координирани рации се спроведени од 23 јуни и во нив се уапсени седум државјани на Полска и еден на Виетнам, се наведува во соопштението и се додава дека другите 10 членови на криминалнта група се уапсени уште во ноември минатата година.

Групата делувала од јули 2018 година така што им помагала на мигрантите илегално да ја преминат границата на Полска за да стигнат до земјите на западна Европа, а од мигрантите земале до 20.000 долари.

Мигрантите најчесто биле пренесувани во скриени комори во возила и камиони.

Оваа криминална група соработувала со други групи кои го обезбедувале криењето и сместувањето на мигрантите додека чекаат трансфер кон саканата дестинација.