25.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Франција воведува задолжително носење маски

Франција ќе воведе задолжително носење маски во сите затворени јавни места со цел да се запре епидемијата на коронавирусот, најави претседателот Емануел Макрон.

„Ќе биде задолжително да се носат маски на сите затворени јавни места“, рече Макрон во телевизиско интервју споменувајќи го 1 август како датум за воведување на оваа мерка.

Макрон рече дека има знаци за нов бран на коронавирусот во Франција, каде што досега починаа над 30.000 луѓе.

„Мора да спречиме појава на нови жаришта, но и да се подготвиме за нов бран на епидемијата“, предупреди Макрон во телевизиското интервју по повод францускиот национален празник Ден на Бастилја.

„Ќе бидеме подготвени. Имаме резерви, кои се обезбедени, имаме организација, што ќе ни овозможи да се соочиме со нов бран доколку го има“, рече францускиот претседател.

Спонзорирано: