15.8 C
Скопје
14. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

На границата меѓу Бугарија и Грција за 40 евра се продаваат лажирани тестови на Ковид-19

Во пограничното подрачје меѓу Грција и Бугарија се појавиле лажни резултати од тестови на Ковид-19, кои се продаваат за цена од 30 до 40 евра, јави грчката телевизија „Мега“.

Според телевизијата, интензивната контрола извршена во Промахонас во последните неколку дена покажала дека постои група што продава лажирани потврди за туристи што сакаат да ја преминат границата.

Станува збор за потврди што се продаваат за цена од 30 до 40 евра и кои покажуваат негативни резултати од тестот на коронавирусот.

Станува збор за документи од неофицијални лаборатории, каде што името на пациентот се менува за парична надомест.

Ваквите фалсификувани тестови биле откриени од полицијата, а поради ситуацијата, решено е од следната среда да бидат прифаќани само тестови од 100 референтни лаборатории на Балканот.

Портпаролот на грчката влада, Стелиос Пецас, вчера, најавувајќи ги новите мерки за коронавирусот, рече дека кај Промахонас детаљно ќе бидат проверени тестовите што покажуваат негативни резултати и дека во случај на лажни тестови, ќе бидат пропишани санкции.