8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Пропагандната машина финансирана од Унгарија, инспирација за нова герила акција

Пропагандната машина на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ послужи како инспирација за нова герила акција во Скопје. Во скопско Дебар Маало е поставен телевизор на кој се гледаат имиња на медиуми во сопственост на бизниси кои се поврзуваат со унгарскиот премиер, Виктор Орбан, кој му овозможи азил на бегалецот од правдата Груевски.

На телевизискиот екран се расфрлани банкноти кои потсетуваат на медиумската корупција на Груевски, кој за пропаганда на телевизиите без никакви критериуми потроши 38 милиони евра буџетски пари на граѓаните.

Груевистичката пропагандна машина не престанува да пере мозоци ниту откако Груевски избега од правдата, во Будимпешта. Со таа разлика што овие медиуми веќе не се финансираат од пари на граѓаните, туку од реклами на сомнителни бизниси и реклами за маслиново масло од Будимпешта.