10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИНТЕРВЈУТОП ВЕСТИ

Интервју со лидерот на СДСМ, Зоран Заев за Centar.mk: Инвестираме 2 милијарди евра во инфраструктурата, тоа е економски патриотизам

Интервју на Centar.mk со претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

 

Господине Заев кампањата е во полн ек, граѓаните ги следат активностите на политичките партии, што би издвоиле од првите десетина дена од кампањата што Вас ви оставило најсилен впечаток?

Така е, кампањата е во тек. Јас сум задоволен од срдечниот и топол прием на граѓаните, од позитивниот начин на којшто реагираат за оваа специфична кампања, во време на глобална пандемија, почитувајќи ги мерките за заштита на здравјето. Нас не гледате, имаме крајно позитивна кампања, со силна издржана понуда и програма на над 300 страни која во фокусот ги има граѓаните. Што би издвоил? Зрелоста на нашиот народ и изградените чувства за државата, за тоа како треба да продолжи напредок. Граѓаните си ја сакаат сопствената држава и знаат, многу добро знаат се. Ние работиме за нашата татковина на која и посакуваме напредок, развој, сигурност и стабилност. Очекувам таа зрелост и свесност да допринесе не само кампањата туку и изборниот ден да поминат како што личи на земја членка на НАТО, демократска земја која чекори напред, кон ЕУ, кон сигурност, раст и развој.

 

Кои се вашите очекувања од оваа кампања?

Верувам дека нашата понуда ќе стигне до секој граѓанин, до секое населено место и кога ќе направат споредба со останатата понуда, нема сомнеж дека на 15 јули ќе дадат поддршка за бројот 3 и коалицијата „Можеме“ за развојот и напредокот да продолжат уште повеќе.

Граѓаните препознаваат добри политики и знаат да направа разлика помеѓу нашиот одгововорен, државнички и чесен пристап од една страна и деструктивното, незрело однесување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ од друга.

Знаат дека нашата понуда е напредокот да продолжи напред а концептот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ државата да се врати назад, во мрачното минато на режим, изолација и поделби.

Покажавме дека можеме за 2,5 години да ја извадиме земјата од калта, да ја застанеме цврсто на нозе и да зачекори напред. Нема враќање назад, продолжуваме напред, уште повеќе и уште подобро.

Со СДСМ платите и пензиите растат многу побрзо, дека државата е во сигурни раце и може да се носи со предиззвиците, функционира и се развива. Со СДСМ имаме слобода и демократија, се движиме кон ЕУ, веќе станавме дел од НАТО. Обезбедуваме силна праведна држава, водиме вистинска грижа за сите граѓани, и затоа, како што впрочем покажуваат анкетите, граѓаните масовно ќе застанат зад нашиот концепт, зад понудата на Коалицијата Можеме.

Имаме јасен план за следните 4 години, посветени целосно на домашен план.

Во однос на програмската понуда, кои се најважните економски мерки со кои ќе истрчате на овие избори, ќе продолжи ли зголемувањето на минималната плата во следниот мандат, доколку ги добиете изборите?

Нова македонска развојна економија, која обезбедува повеќе инвестиции, нови работни места и повисоки плати, тоа е суштината на нашата обемна Програма, на нашата понуда. Затоа велиме МОЖЕМЕ, уште повеќе и уште подобро.

Создадовме програма базирана на 6 столба: стабилна држава со нова, развојна македонска економија, држава со европски здравствен систем посветен на потребите на граѓаните, држава која се грижи за сите; држава која е правна и праведна, тоа значи зелена, еколошка држава, европска држава, членка на НАТО.

Тоа е нашиот, пристап, чесен, домаќински и одговорен автентичен, македонски модел за напредок и на граѓаните и на државата.

До крајот на мандатот минималната плата ја креваме на 20.000 денари, што е за дури 120% повеќе од минималната плата од 9.000 денари во 2016 година. Просечната плата до крајот на мандатот ќе ја кренеме на 34.000 денари.

Истовремено со раст на платите ќе растат и пензиите. Најниските пензии ќе ги покачиме за најмалку 21%.

Тоа јас го нарекувам економски патриотизам. Затоа што патритизам е да се влезе во НАТО и ЕУ со зачуван македонски идентитет но патриотизам е и да продолжи растот на платите, пензиите, патриотизам е парите да вратат назад кај граѓаните, концепт по кој е препознаен СДСМ и тој секако ќе продолжи.

Деновиве сте постојано на терен, промовирајќи инфраструктурни проекти, како ја цените досегашната работа во полето на инфаструктурата и што конкретно нудите за следниот мандат?

Граѓаните гледаат дека денес се гради насекаде низ државата. Горди сме на тоа што нема регион, нема општина каде што не се изградил или моментално се гради некој капитален инфраструктурен проект. Дел од мостовите и патиштата за прв пат се обновуваат после 50 или 60 години, водоводи и канализациии, пречистителни станици….

Дури и во време на пандемија, градиме насекаде, секако почитувајќи ги сите мерки за заштита.

Наследивме хаос, неплански и недомаќински планови за патишта, утнати траси, трошоци за санирање на штетите, но тоа не не обесхрабри. Имавме чесен домаќински пристап, ги решивме наследените проблеми и денес градиме по план, градиме инфраструктура за сите.

За помалку од три години инвестиравме речиси 1 милијарда евра во изградба и реконструкција на патната инфаструктура, а во план е да инвестираме дополнителни 2 милијарди во следните неколку години.

Инвестираме во се она што е важно за граѓаните и нивните потреби. Пуштивме во употреба нов Ургентен центар, болницата во Струмица доби нова болница после 33 години. 30 здравствени установи се реновирани, изградени, реконструирани и опремени се 44 објекти за детски градинки.

Тоа се гледа, тоа е посветеност на дело што ја покажавме во досегашниот период, и која ќе продолжуваме да ја покажуваме во следните 4 години.

Ќе покажеме дека со чесна, одговорна и домаќинска работа може да има пари за секој проект кој е важен за граѓаните.

Северна Македонија е и земјоделска држава, каде добар процент од населението живее од производство на храна, одгледување на зеленчук, овошје, тутун, тука е и сточарството итн. Какви ќе бидат мерките за оваа категорија на граѓани?

Земјоделството е една од областите каде што навистина покажавме што значи вистинска грижа и сериозни инвестиции за негово унпаредување и развој.

Јас потекнувам и живеам се уште во земјоделски крај, го познавам земјоделието и знам колкава неговата вредност и важност. Како политичка партија СДСМ е на страна на земјоделците. Важно ни е земјоделството, важни ни се земјоделците затоа во следните четири години и уште повеќе и уште подобро ќе инвестираме во нив.

До 2024 година ќе обезбедиме целосно бесплатна „зелена“ нафта за сите земјоделци и двојно повеќе пари за поврат на персоналниот данок за земјоделците.

Градиме и три нови откупно диструбивни пунктови за сигурен и редовен пласман. Ќе продолжи и поддршката кон младите земјоделци, кон жените земјоделки.

Годишната финансиска поддршка за земјоделството и руралниот развој ја димензионираме на 200 милиони евра ако тука се додадат и парите од ЕУ фондовите, кои ги имаме и че ги имаме повеќе со отворањето на поглавјата тогаш се доаѓа до сериозна сум на средства кои ќе влегуваат во нашето македонско земјоделство.

Тоа, убеден сум не само што ќе ги задржи постојните земјоделци, туку ќе привлече и многу други луѓе да се бават со оваа гранка која е значајна за целата наша економија, за целата наша држава.

 

Преспа е еден од ретките региони кој се уште останува неразвиен, иако има неверојатни потенцијали за туризам таму. Имате ли план за Преспа да ја кренеме на ниво како што заслужува?

Со договорот со Грција, Преспа влезе во нашата, но и во балканската и европска историја. Ние имаме обврска да му се оддолжиме на Преспанскиот регион кој навистина со години беше заборевен и запоставен.

Со отворањето на граничниот премин Маркова нога, ќе го отвориме овој регион кон Грција, кон ЕУ, тоа носи поголема и поинтензивна економска соработка, тоа се повеќе пари во тој регион, повеќе можности за меѓугранична соработка, побрз транспорт и подобро поврзување.

Ќе вложуваме и во Преспанското езеро преку негова регулација, преку изградба на кеј и пешачка патека, но и за поборување на еколошката состојба на езерото.

За Преспа обезбедуваме и европски пари, пари кои ќе насочиме во инфратруктура, во подрршка на оние гранки кои се важни за тој регион, односно туризмот и секако земјоделството и производството на нашите надалеку познати ресенски јаболка.

 

Дали индивидуалните информатичари и ИТ компаниите кои работат за странскиот пазар влечат пари внатре во Македонија можат да очекуваат погодности и субвенции во однос на олеснувања на данок, набавка на опрема, тие особено сега ќе бидат круцијални во санирање на економската криза поради ковид 19 со оглед дека ИТ индустријата бележи раст?

ИТ индустријата секако е една од најатрактивните, најплатаните и секако индустрија која најмалку беше погодена од оваа глобална економска криза.

Во изминатите години покажавме дека младите ни се важни, креираме и спроведуваме мерки кои отвораат шанси тука да рбаотат и да создаваат.

Новата македонска економија ќе биде насочена кон дигитализација, кон новите технологии, таму ќе го темелиме идниот економски развој.
Во новиот мандат се обрзуваме до 2023 година персоналниот данок во ИТ индустријата да го намалиме до 0%. Ќе отвориме и старт ап село со соодветни услови, целосна функционалност за отворање на старт ап бизниси и нивно вмрежување за да бидат поконкурентни и дома но и на странските пазари.

Ќе продолжиме да инвестираме и во младите и во новите технологии, затоа што таму е иднината.

 

Секојдневно гледаме како митинзите на ВМРО ДПМНЕ се оддржуваат без да се почитуваат мерките за борба против коронавирусот. Досега не слушнавме ниту еден активист или функционер да биде казнет од страна на полицијата која патем е предводена од Наќе Чулев. Како СДСМ ќе реагира на ваквото непочитување на мерките од страна на политичката опозиција, но и амнестијата која ја вршат полициските власти?

Во кампања го гледаме она што 2,5 години наназад го гледаме. На ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски воопшто не им е важно здравјето на граѓаните, за нив се важни само личните и партиски интереси. Со месеци гледаме лицемерие на опозициската партија, наутро глумат загриженост за здравјето а попладне ги кршат мерките и забраните. Теретани, кафани, прошетки на Водно, тоа правеа додека мединските лица, докторите, сите ние се боревме да го спречиме ширењето на вирусот.

Со месеци и нивниот министер Наќе Чулев не реагираше, па дури и го поттикнуваше системот со тоа што дозволи кршење на мерките. Тоа е несериозно, незрело и опасно однесување на ВМРО-ДПМНЕ кон здравјето на граѓаните.

Ова е уште една потврда зошто се потребни избори, меѓу другото и да се разреши Чулев, затоа што сега нема таква можност. По изборите ќе се создадат легитимни, функционални и одговорни институции, предводени од чесни, одговорни личности, инситуции кои нема да молчат, туку неселктивно ќе го санкционираат секое прекршување на мерките и забраните за заштита од коронавирусот и ќе работат за граѓаните.

 

Деновиве слушнавме снимени разговори на кои се слуша како Христијан Мицкоски се борел да не се донесе Законот за Јавно обвинителство за да се заштити случајот Империја од повторно отворање. Вие јавно ги коментиравте овие снимки но прашањето е дали очекувате одговорност за овој случај?

Секако. Јасно му е секому дека тоа што го слушаме деновиве од тие објавени разговори се сериозна индиција за криминално постапување, дека има основано сомневање за криминално финансирање на политички партии и незаконско финансирање на кампањи. За пусти пари некој сакал да си поигрува со правото, да штити криминалци да не одат во затвор.

Од овие разговори, слушаме како функционирале спрегите Камчев-Груевски-Мицкоски и гледаме како тие давале, а за возрврат на тоа некој се нудел да го блокира Законот за Јавно обвинителство, да сруши предмет како што е Империја.

Значи смислено сценарио. Ова се сериозни удари врз правосудството, тоа не е дозволиво никаде во светот и не e дозволиво ниту кај нас.

Верувам дека институциите ќе реагираат по службена должност и по допрен глас и дека ќе се отворат сериозни истраги за ова. Никој не е над законот и секој што се огрешил мора да одговара.

 

Се појавија и нови снимки на кои ги слушавме Миле Јанакиески и Игор Јанушев сето дали ова покажува дека објавувањето на прислушуваните разговори можеби на некој начин се средство на партиите во оваа кампања?

Сите знаеме кој снимаше, цели 11 години режимот ги прислушуваше своите граѓани, но очекувам да се утврди од каде се и кој ги објавува. СДСМ се што имаше го предаде а доказите ги објавуваше јавно, на говорница, ги доставуваше до институциите.

Ги слушнав тие разговори меѓу Миле Јанакиески и очеигледно неговата тогашна десна рака, Игор Јанушев, сега носител на листа од ВМРО-ДПМНЕ. Тоа само потврди со што имавме работа цели 11 години, цела деценија се боревме против режим за кој и ден денеска слушаме како функционирал. Се правеа списоци на подобни и неподобни, се вршеа притисоци врз вработени во јавна администрација, изборните нерегуларности биле редовна појава на сите избори. А слушнавме и дека ако некој не бил исполнителен во своите партиски задачи, можел и ќотек да добие од Јанушев.

За жал ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е само еден извршител, потрчко на Никола Груевски. Нивната понуда е всушност понуда за обнова на режимот и затоа граѓаните ќе ја отрфлат. Наместо враќање назад, граѓаните ќе одберат да продолжиме напред, по вистинскиот пат, да продолжи растот на платите, на пензиите, на економијата.

 

Ваша порака до нашите читатели..

Драги читатели, почитувани мои сограѓани, можеме, знаеме и умееме. Знам дека вие тоа добро го знаете. Имавме можност за помалку од три години да ја однесеме државата светлосни години напред. Ја искористивме, заедно, затоа што вие ни ја дадовте честа и одговорноста! Сега вие имате можност повторно, со вашиот глас да одлучите. Дали продолжуваме да одиме напред или се враќаме назад. Ве охрабрувам да одберете можност за светла иднина, да одберете да продолжиме напред.
Чувајте се, почитувајте ги мерките и заштитете го своето, но и здравјето на другите околу вас. На 15 ти јули да излеземе масовно и со заокруживање на брoјот 3 да одбереме напредок, нова македонска економија, сигурна и стабилна иднина. Имаме план за успешно справување со ефектите од корона-кризата, уште посилен економски раст, уште поодговорни институции, уште понагласен напредок. Заедно, можеме!

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски и Лефков да се извинат откако ДКСК ги демантираше измислените афери за Ковачевски

M T

СДСМ: Зошто Мицкоски не сака да ја даде струјата од хидроцентралите на граѓаните?

M T

СДСМ: Заради бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, стои Скопје

M T

СДСМ: Осми ден ВМРО тендерска ДПМНЕ молчи за Мицкоски и тендерот од 136 милиони евра

M T

СДСМ: Мицкоски има интереси, затоа е кавгата во Скопје, за пари

M T

СДСМ: Пари и тендер вреден 136 милиони евра е причината за кавгата на Мицкоски со Арсовска

M T