10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

(Видео) Откриен идентитетот на полицајците кои пред ресоран во Атланта убија Афроамериканец

Властите ги открија имињата на двајцата полицајци кои во Атланта го убија 27-годишниот Афроамериканец, Рајшард Брукс.

Тоа се Герет Ролф и Девин Бронсан.

Полицијата соопшти дека Бронсан е преместен на административна позиција, а Ролф е отпуштен од работа.

Рајшард Брукс бил пријавен за спиење во автомобил, а неговиот автомобил го блокирал минувањето на другите учесници во сообраќајот, во билизина на пункт на еден ресоран за брза храна.

Полицијата утврдила дека тој е под дејство на алкохол, а имало и турканица при обидот за негово апсење, кога Брукс зел електричен шокер од еден од полицајците.

https://www.youtube.com/watch?v=29kj9uQtCUM
Потоа тој бил застрелан.

Поради овој случај избувнаа немири откако падна марк во Атланта, каде во текот на денот, градоначалничката Киша Ленс Ботомс, соопшти дека ја прифатила оставката на началничката на полицијата Ерика Шилдс поради полициското убиство.

Ботомс изјави началничката Шилдс, која е член на полицискиот оддел на Атланта повеќе од две децении, се повлекла од должноста, која сега привремено ќе ја извршува поранешниот помошник началник, Родни Брајант.

Демонстрантите излегоа на автопатот и го запреа сообраќајот, пред полицијата да постави кордон за да ги запре.

Повеќе од 100 луѓе во Атланта повикаа полициските службеници да бидат правно обвинети за случајот.

Спонзорирано: