Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Официјално: Нема нова вонредна состојба, изборите се на 5-ти јули

Како што објави Centar.mk попладнево, Владата воопшто не стави на маса точка за продолжување на вонредната состојба, откако Христијан Мицкоски бегајќи од избори, се обиде да тактизира и порача дека утре ќе го кажел својот став за евентуално оддржување на изборите на 8-ми јули.

Со ова точно на полноќ, почнуваат да течат изборните рокови за избори на 5-ти јули, а во вторник ќе започне и кампањата.

Подготвени се и државните институции во пресрет на изборите, а кампањата веќе наголемо ја тераат сите политички партии, па дури и ВМРО ДПМНЕ која по секоја цена се обидуваше да ги избегне изборите.

Предвремените парламентарни избори се оддржуваат по заеднички договор меѓу ВМРО ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и другите политички партии постигнат минатата година на лидерска средба кај претседателот. Првично истите требаше да се оддржат на 12-ти април, но поради ненадејната корона криза, партиите се договорија истите да бидат оддржани по завршување на вонредната состојба, што е 5-ти јули.

Дека изборите треба да се оддржат согласно Уставот и Законите, децидни се и меѓународните претставници во земјава на ЕУ и Соединетите држави.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата – граѓаните живеат полошо

ДЕСК

Замина Мартин Треневски: Човекот што остави белег во новинарството, дипломатијата и државните институции

ДЕСК

Масовна тепачка и апсење во Прилеп: Осум лица завршија во станица по тепачка која почнала на патен правец, а завршила во болничките ходници

ДЕСК