8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Маж труел бездомници во Калифорнија за да ги снима кога ќе им се слоши

Маж од Калифорнија е обвинет за труење на осум бездомници со супстанца која е двојно посилна од солзавец.

Вилијам Роберт Кејбл (38) е обвинет дека на најмалку осум лица им дал храна обложена со активна супстанца од солзавец (oleoresin capsicum) и потоа ги снимал кога ќе им се слошело. Неколку од неговите наводни жртви се хоспитализирани, а властите веруваат дека осомничениот можеби им наштетил и на други лица.

Ако Кејбл биде осуден, тој се соочува со 19 години затвор, пишува Би-би-си.

„Овие човечки суштества биле цел заради нивната ранливост“, рече окружниот обвинител Тод Спицер.

„Тој ги труел поради изопачена форма на забава. Ги снимал нивните страдања за да може одново и одново да ги гледа“, додаде обвинителот.

Според обвинителите од округот Оринџ, осомничениот им пристапувал на бездомните лица во областа на плажата Хантингтон во мај и им нудел храна обложена со супстанца двојно посилна од солзавецот што го користи полицијата.