Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Со автомобил удрил во пешак во Козле и избегал

Непознато лице со возило удрило во пешак во Козле и избегало од местото на несреќата. Пешакот со тешки повреди бил пренесен во болница.

Според информациите на МВР, вчера во 10.30 часот било пријавено дека на улица Козле во Скопје, автомобил удрил во пешакот М.С.(50) од Скопје по што избегал.

Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

СТУДОТ ПРИСТИГНУВА ВО МАКЕДОНИЈА – Од викендот температурите ќе се спуштат под нулата

ДЕСК

Министерството за здравство апелира: Проверете го вакциналниот статус – МРП вакцината е најсигурна заштита од мали сипаници

ДЕСК

Клековски: Од проценка кон национален план за квалитет со јасни одговорности, мерливи резултати и реални рокови

ДЕСК