14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Бритиш ервејс“ продава колекција уметнички дела заради надминување на кризата

„Бритиш ервејс“ продава некои предмети од својата уметничка колекција вредна милиони фунти за да собере пари за закрепнување по кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Колекцијата вклучува, меѓу другото, дела од сликарите Демиен Хирст, Бриџит Рајли и Питер Доиг, а се проценува дека има и дела вредни повеќе од милион фунти.

„Би-би-си“ пренесува дека најмалку 10 уметнички дела ќе бидат определени за продажба, иако не се знае точно кои. Делата ќе се најдат на аукција на аукциската куќа „Сотби“.

Поради прекинување на воздушниот сообраќај поради пандемијата на коронавирусот, „Бритиш ервејс“ доживува големи финансиски проблеми. Директорот Алекс Круз предупреди минатата недела дека опстанокот на авиокомпанијата е загрозен доколку не се направи значително деловно реструктурирање.

Спонзорирано: