22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

Трамп обвини дека Сиетл го презеле „домашни терористи“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе ја врати полицијата во Сиетл, град што демонстрантите го држат под контрола, јави Би-Би-Си.

По повеќедневните насилни протести, полицијата во понеделникот беше повлечена од еден кварт во Сиетл.

Иако градските власти го замолија да не се меша, Трамп ја оцени ситуацијата како „преземање на градот од домашни терористи“ .

Сепак, откако полицијата се повлекла, демонстрантите се претежно мирни, нема насилство, а тој дел од градот се нарекува „автономна зона“, јави Би-Би-Си.

Трамп најпрво побара од гувернерот на државата Вашингтон да преземе полициска акција против демонстрантите, но во меѓувреме вети реформа на полицијата и полициските процедури.

Спонзорирано: