Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Суд во Цирих пресуди – работодавачот е должен да плати дел од киријата на вработените што работат од дома

фото Pixabay

Швајцарските работодавци се должни да платат дел од киријата за своите вработени кои работат од дома спротивно на нивната волја, одлучи судот во Цирих.

Тужбата против фирмата ја поднел вработен кој побарал отштета за работата од дома. Компанијата посочи дека нема соодветен договор за отштета и дека не е должна да плати дел од киријата.

Сепак, судијата донел заклучоци кои се различни од аргументите на компанијата, во кои се наведува фактот дека тоа што вработените немале дополнителни трошоци, не е причина да им се одбие барањето за обештетување. Според пресудата, фирмата е должна да плати отштета и тоа ретроактивно од 150 франци месечно.

Експертите веруваат дека оваа пресуда може да има далекусежни последици, особено за работа од дома за време на кризата со коронавирусот.

Тие посочуваат дека вработените имаат право на отштета доколку бидат принудени, а не по своја слободна волја, да работат од дома и дека оние кои го прават тоа врз основа на своја волја нема да имаат право на тоа.

Покрај тоа, експертите за трудово право посочуваат дека работодавачот, кој, исто така, е одговорен за здравјето на вработените, има обврска да плати за соодветно столче за неговиот вработен за работа од дома.