Во текот на изминатото деноноќие во кое на сила стапи построг полициски час, односно забрана за движење од 16 до 5 часот наутро, на територијата на целата држава истата ја прекршиле 97 лица, при што приведени се 62, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
МВР информира дека синоќа во 18:40 часот во скопско Ново Село, уапсен бил 48-годишник од Волково поради тоа што со себе немал документ за идентификација, ни дозвола за движење, а исто така, се однесувал агресивно кон полициските службеници кои застанале да го легитимираат.
Според статистичките податоци, изминатото деноноќие на 65 лица им се издадени решенија за изолација, а 82 лица потпишале изјави за самоизолација.
Од страна на полицијата биле извршени контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што евидентирани биле двајца кои не ги почитувале мерките.