8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈАИЗБОР

(Фото и Видео) Како изгледа скопската населба Капиштец за време на полицискиот час

Македонија веќе втор ден се наоѓа во построг полициски час кој трае секој работен ден од 16 часот до 5 часот наредниот ден.

Нашите фоторепортери се постојано на теренот. Од она што можеа денеска да го забележат во скопската населба Капиштец, граѓаните се придржуваа до мерките на Владата кои имаат за цел спречување на ширењето на коронавирусот. Еве како во 19 часот изгледаше оваа населба:

Инаку, во текот на изминатото деноноќие во кое на сила стапи построг полициски час, односно забрана за движење од 16 до 5 часот наутро, на територијата на целата држава истата ја прекршиле 97 лица, при што приведени се 62, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. За време на викендов забраната за движење започнува во петок во 16 часот, а истекува во понеделник во 5 часот.