17.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТТОП ВЕСТИ

Коронавирусот урива рекорди, во Италија повеќе починати од Кина: 5.332 новозаразени и нови 427 мртви за само 24 часа

Кулминација на пандемијата во Италија, бројот на новозаразени регистрирани пациенти објавени предмалку за изминатите 24 часа е 5.322 пациенти со коронавирус, што е своевиден рекорд од почетокот на пандемијата и сега вкупната бројка на заразени со коронавирус во Италија во моментов изнесува 41.035 лица.

Бројот на мртви пак изнесува 427 мртви за изминатите 24 часа, со што вкупната бројка на починати до сега изнесува 3.405 лица, што веќе ја надмина вкупната бројка на починати во Кина која од почетокот на пандемијата изнесува 3.245 лица.

Уште пострашно е што бројките наместо да се намалуваат тие секојдневно растат, додека пак во Кина бројот на новозаразени од коронавирус е едноцифрен, а на ниво на Европа која е со далеку помала популација од Кина се регистрираат десетици илјади новозаразени дневно.

Спонзорирано: