17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Драматична ноќ на скопскиот аеродром: Стигнаа летовите со македонски граѓани, дел од нив се жалеле на симптоми слични на коронавирус

Драматично е вечерва на скопскиот аеродром.

Во екот на епидемијата група македонски граѓани тргнале со авиони од ЕУ кон Македонија. Стигнаа летовите со македонски граѓани.

Дел од патниците кои биле во авион кој летал од Брисел кон Скопје се жалеле на симптоми слични на коронавирус, истите веднаш се препратени на тестирање во скопскиот клинички центар, останатите чекаат во ходниците, па властите ќе решат што со нив.

Речиси е сигурно дека ќе одат во 14-дневна самоизолација – карантин, но доколку резултатите на сомнителните случаи се негативни. Дополнително ќе се одлучува што со нив доколку има барем еден позитивен случај на коронавирус.

Засега нема многу официјални информации во врска со овие патници, но очекуваме официјалните власти да излезат со детални информации во секој момент.