26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Филипче: Седум лица се тестираат на корона вирус

Седум лица во земјава моментално се тестираат на корона вирус, информираше министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција.

Како што кажа тој, 3 од нив се од Дебар, 2 од Штип и 2 од Инфективното одделение.

Тројцата од Дебар имаат симптоми, додека останатите се испитуваат бидејќи биле на пат во Австрија односно Германија.

Филипче кажа дека од утре ќе почне да се спроведува проширен скрининг, односно ќе се тестираат и лица за коишто постои сомневање дека можеби биле во контакт со сомнителни случаи. Притоа, се очекува пристигнување на околу 80 мостри.

Минстерот кажа дека првата пациентка заболена од вирусот е пуштена на домашно лекување и оти состојбата на останатите 18 хоспитализирани пациенти е стабилна.